четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пролетниот гулаш е јадење без конкуренција: За миг ќе исчезне од вашата трпеза

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сите го обожуваат младиот грашок, а тој е особено вкусен во оваа комбинација во која се крие и една несекојдневна состојка.
Потребни состојки:
• 800 гр. свинско месо
• 1 главица кромид
• 3 моркови
• 250 гр. млад грашок
• 1 кисело јаболко
• 200 мл. бело вино
• 1 лажица црвен пипер
• масло за јадење по потреба
• сол и бибер
• магдонос по желба
Начин на подготовка:
Месото исечкајте го на коцки и додајте му сол и бибер. Откако малку ќе отстои, пропржете го на загреано масло да зарумени од сите страни, па извадете го. Во истата маснотија пропржете го сечканиот кромид додека не омекне малку, па додајте ги крукчињата морков.
Додајте го белото вино, динстајте 5 минути, вратете го месото и додајте го изренданото излупено јаболко и грашокот. Посолете, додајте бибер и црвен пипер и малку вода. Кога ќе зоврие, намалете го огнот и гответе околу еден час. Пред послужување, додајте сечкан магдонос одозгора.

Поврзани вести