Пролетни пакетчиња: Неверојатно сочни и крцкави во исто време!

Вкус што воодушевува!
Состојки:
замрзнато лиснато тесто: 400 гр
тиквички: 2
модри патлиџани: 1 поголем
млад кромид: 1 поголем
маслинки: 50 гр
сирење: 125 гр
лук: 1 лажиче
маслиново масло по потреба
жолчка: 1
сол по вкус
бибер по вкус
Како да се подготви:
Исечете го измиениот зеленчук на ленти или коцки, па пропржете го и оставете го настрана. Извадете го одмрзнатото лиснато тесто со дебелина од околу 3,5 милиметри и исечете го на четири еднакви правоаголници.
Ставете растителен фил и парче сирење на средина од секое парче тесто, а потоа поврзете ги краевите од тестото и врзете ги со влажни ленти хартија за печење, како да сте спакувале бонбони, и наредете ги на плех за печење.
Секој пакет премачкајте го со изматена жолчка и печете 20 минути во рерна загреана на 200 степени. Наредете ги пакетчињата лиснато тесто на плех, извадете ги машните од хартија и послужете ги топли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.