Протеинското кафе е нов тренд, но дали е здраво?

ТикТок нè запозна со новиот тренд наречен протеинско кафе. Овој пијалaк кој е комбинација на протеински шејк и ладно кафе ќе ви помогне да внесете повеќе протеини. Но, колку е здрав?
Протеинско кафе е најновиот тренд, но дали е здраво?
Протеините се клучно гориво за организмот, особено наутро или по тренинг. Но, повеќето луѓе внесуваат двојно повеќе протеини отколку што им требаат. Па, дали е здраво да внесувате повеќе протеини со овој пијалак?
Протеинското кафе содржи две главни корисни состојки – кафе, кое е полно со антиоксиданти и протеински прав или шејк, кој создава енергија и помага во обновување на мускулите.
Меѓутоа, ако користите протеински прашоци, имајте ги на ум и другите состојки што ги содржат, како што се додадените шеќери. Експертите советуваат да ги користите оние прашоци што не содржат засладувачи (ниту природни ниту вештачки).

Исто така, експертите велат дека ако веќе имате балансирана исхрана, богата со здрави масти, протеини, овошје, зеленчук и сложени јаглехидрати, на вашето тело не му треба протеинско кафе.
Луѓето кои не добиваат доволно хранливи материи, како што се веганите, вегетаријанците или спортистите, може да го консумираат ова кафе.
Сепак, кога станува збор за протеинското кафе, важно е да се напомене дека не е замена за оброк. Овој пијалак не ги содржи потребните витамини, минерали или влакна.
Протеинско кафе: Идеално гориво за спортисти
Кофеинот го стимулира телото и го држи будно, а протеините ја подобруваат мускулната функција. Затоа, според експертите, овој пијалак е идеален за луѓе кои се занимаваат со физичка активност. Најдобро е да пиете протеинско кафе еден час пред тренинг.
Како да направите протеинско кафе?
На видеото подолу ќе откриете како да го направите овој пијала338

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.