четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ракчиња во пикантен доматен сос

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ракчињата се одлични ако сакате нешто различно за ручек што брзо се подготвува. Гответе ги точно 15 минути и нема да бидат гумени.

Ракчињата се специјалитет кој може да се подготви на различни начини и генерално не се чистат, туку се варат во лушпата. Полесно се подготвуваат ако се во лушпа, затоа што има помали шанси да се преварат и да станат гумени, а она што е важно со овој рецепт е да ги исчистите пред да ги подготвите бидејќи ќе се динстаат во сосот. Ракчињата се служеле уште од античко време, а Хелените ги подготвувале завиткани во листови смокви.
Ви пренесуваме рецепт за ракчиња варени во зачинет доматен сос и сигурни сме дека ќе ви се допадне.

Потребни состојки:
1 лажица несолен путер
1 лажица маслиново масло
1 лажичка семки од зелен ким
½ лажичка семки од црн ким
1 лажичка рендан ѓумбир
4 домати
2 лажици доматно пире
¼ лажичка мелена куркума
½ лажичка чили во прав
450 гр исчистени ракчињаж
сол

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

за преливот:
½ лимон
2 лажички рендан ѓумбир
2 лажици сечкани листови коријандер
1 лута пиперка
Подготовка:

Во тавче растопете го путерот и сипете масло, потоа додадете го кимот и по една минута додадете го изренданиот ѓумбир. По 15 секунди додадете ги исечканите домати. Намалете ја температурата, истурете малку вода и мешајте додека не почне да врие. Додадете доматно пире, куркума, чили во прав и сол по вкус. Промешајте и варете уште 7-9 минути. Кога сосот малку ќе се згусне, додадете ги ракчињата и варете уште 3-4 минути со повремено мешање. Не преварувајте бидејќи ракчињата ќе станат гумени. Тргнете од шпорет, поклопете и оставете да отстои една минута. Украсете со парчиња лимета.

Поврзани вести