четврток, 12 ноември 2026
Најново

РАФАЕЛО ТОПЧИЊА!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рафаело топчиња се вкусни мали колачиња идеални за секакви прослави
Направете ги овие слатки бели закуски и воодушевете го семејството.
СОСТОЈКИ:
200 мл вода
500 гр шеќер
500 гр млеко во прав
250 гр маргарин
400 гр кокос
100 гр лешници
Подготовка:
Водата се става да зоврие, па се додава шеќерот, па маргаринот и се чека да се растопи.
Додадете млеко во прав, 250 гр кокос, убаво измешајте (без грутчиња) и оставете да се излади.
Во посебно тавче пропржете 100 гр лешници.
Од претходно изладената маса направете топчиња и во средината ставете по еден лешник.
Се тркалаат во кокос и се ставаат во фрижидер да се стегнат.

Поврзани вести