Рецепт за брзи мафини со мандарини и брусница

Целиот дом ќе ви мириса на прекрасна мешавина од мандарини и печена брусница, а секој залак ќе биде бескрајно задоволство.
Киселкастиот цитрусен вкус на мандарината со додаток на слатките брусници е тоа што ги издвојува овие мафини кои се едноставни за подготовка и многу богати.
Потребно ви е само пет до десет минути да ги подготвите сите состојки, а овој брз десерт може да стои со денови – доколку издржите да не ги изедете веднаш.
Состојки:
– 320 грама меко брашно;
– 130 грама шеќер;
– 1,5 лажичка сода бикарбона;
– 1 прашок за печиво;
– ½ лажичка сол;
– 140 милилитри млеко;
– 2 јајца;
– 1 лажица екстракт од ванила;
– 3 излупени мандарини и нивната изрендана кора;
– 120 милилитри масло за јадење;
– 200 грама брусници.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
Во длабок сад помешајте го брашното, шеќерот, содата бикарбона, прашокот за печиво и солта.
Во блендер ставете ги јајцата, млекото, екстрактот од ванила, ренданата кора од мандарините и мандарините. Мешајте додека не добиете течност.
Со непрекинато мешање, постепено додадете ја и смесата со брашното, па ставете го маслото за јадење. Добро измешајте, па додадете ги и брусниците.
Потоа смесата ставете ја во калапи за мафини и печете најмалку 20 минути.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.