четврток, 12 ноември 2026
Најново

Рецепт за вкусен и крцкав доручек: Ароматичен леб со бел лук кој ќе ги освои вашите сетила

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дали има нешто повкусно од топол, мек леб? Дури и кога додавате лук и зачини, вкусот е едноставно неодолив. Овој рецепт е лесен за подготовка, а штом еднаш ќе го пробате, ќе сакате да го гледате на масата секој ден.
Состојки:
1 пакување леб на кришки
5 чешниња бел лук
50мл маслиново масло
50гр путер
сол и бибер
малку свеж магдонос
Подготовка:
Ставете путер во сад и измешајте го со маслиново масло и мешајте додека не постигнете мазна текстура. Исецкајте го магдоносот и измешајте го заедно со путерот, па додадете сол и бибер, зачини по желба и ситно исечканиот лук.
Подмачкајте го секое парче одделно со овој премаз, па наредете ги во претходно подмачкана тава и печете 20 минути на 220 степени.
Послужете ги топли и уживајте.

Поврзани вести