четврток, 12 ноември 2026
Најново

Рецепт за десерт кој ќе го обожувате: Готов за 5 минути, а сè што ви треба е тост-лепче, чоколадо и тава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска ќе ви пренесеме еден рецепт за десерт кој брзо и лесно се подготвува, а чии залчиња ќе ги паметите долго.
Во овој десерт ќе ужива цело семејство, особено најмладите членови кои и сами ќе научат брзо да го прават.
Состојки:
– 2 парчиња лепчиња за тост;
– Чоколадо по избор;
– Јајца;
– Презла;
– Масло за јадење.
Подготовка:
На едното парче леб ставете две коцки чоколадо, па преклопете го со другото парче леб.
Лебот околу чоколадото исечете го во облик на круг. Така подготвениот леб премачкајте го со изматените јајца, па извалкајте го во презла, а потоа испржете го на масло за јадење.
Пржете додека не зарумени.
Пријатно јадење!

Поврзани вести