Рецепт за крцкави крилца со АЈВАР

Сигурно сте пробале пилешки крилца на многу начини, но овие со ајвар се особено вкусни
Пилешките крилца се јадење со кое многу луѓе сакаат да се почастат, а понекогаш се погодни како „грицка“ во која уживаме додека гледаме добар филм или уште почесто фудбалски натпревар.
Овој пикантен и лесен рецепт ќе ве воодушеви, а она што ги прави посебни вака подготвените крилца е еден типичен додаток за нашето поднебје – ајварот.
Освен што не се скапи, па се достапни за секого, крилцата се подготвуваат толку лесно што и почетниците во кујната не можат да згрешат кога се впуштаат во „авантурата“ за подготовка на ова јадење.
Состојки:
1 кг пилешки крилца
50 гр маргарин
2 лажици ајвар
1 лажичка црвен пипер
Сол и бибер
Подготовка:
Земете една кеса за маринирање. Во неа се ставаат крилцата, маргаринот, ајварот, лутата пиперка, солта и биберот, а потоа во кесичката се мешаат сите состојки добро, така што крилцата рамномерно ќе се премачкаат со останатите состојки. Потоа ставете ги крилцата во фрижидер и оставете ги да се маринираат два часа.
Кога ќе се маринираат крилата, извадете ги од кесата и ставете ги во сад за печење. Во рерната вклучете го горниот грејач на 220 степени, а садот за печење ставете го на решетката која ќе ја наместите така што крилцата да бидат одвоени 15 сантиметри од греалката. Печете ги крилцата 15 минути од едната страна, па свртете ги со вилушка и исто толку време печете ги од другата страна. Послужете ги топли.
Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.