Рецепт за лингвини со авокадо, домати и лимета

Лингвините се италијански тестенини, малку пошироки од шпагетите.
Рецепт за лингвини со авокадо, домати и лимета
Потребни состојки:
115 грама лингвини
1 лимета
1 авокадо
2 поголеми домати
40 грама коријандер
1 црвен кромид
1 чили пиперка
маслиново масло
сол и бибер
Начин на подготовка:
Гответе ги тестенините според упатствата на пакувањето.
Во меѓувреме, во еден сад исцедете ја лиметата и додајте ги исечканото авокадо, доматите, коријандерот, кромидот и чили пиперка. Промешајте добро.
Додајте маслиново масло, сол и бибер по вкус и промешајте повторно.
Кога тестенините ќе се сварат, процедете ги и прелијте ги со малку маслиново масло.
Промешајте и додајте ја смесата од авокадо и домати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.