Рецепт за палачинки со ладен прелив од кафе и вкус на бадем

Легендата за ликерот датира од 16 век кога Бернардино Луини, познат сликар и голем обожавател на Леонардо да Винчи, насликал фреска со мотив на Дева Марија во Сароно.
Како модел додека ја создавал фреската била една девојка во која потоа Бернардино се вљубил. Како доказ за искрена љубов, таа му подарила ликер што го направила од плодовите од сопствената градина, а остатокот е историја.
Една лажица од овој ликер дава одлична арома на кремасто кафе, а можете да го користите како инспирација за подготовка на колачи, пити, но и палачинки.
Погледнете како да направите палачинки со вкусен и ладен прелив од кафе и вкус на бадем.
Рецепт за палачинки со ладен прелив од кафе и вкус на бадем
Потребни состојки за прелив за 15 палачинки:


5 жолчки
5 лажици шеќер
2 ќесички ванилин шеќер
1 лажичка цимет
9 лажички брашно
1 литар млеко
200 г путер
200 г чоколадо за готвење
3 лажици инстант кафе
1 лажица ликер Амарето ди Сароно (ако не можете да го најдете, тогаш може каков и да било ликер од бадем)
Начин на подготовка:
Изматете ги жолчките и двата вида шеќер. Треба да добиете пенеста смеса. Додадете го брашното и 5 лажици млеко и промешајте.
Загрејте го остатокот од млекото, додадете цимет и варете додека не зоврие.
Отстранете го од огнот и додадете ја мешавината од жолчка. Бидете внимателни да не се зготви.
Потоа на тивок оган, мешајте постојано, додека не се згусне. Отстранете и изладете ја смесата.
Кога ќе се излади, додадете го изматениот путер.
Измешајте ги растопеното чоколадо и кафето што сте ги стопиле во ликерот и додајте ги во смесата. Палачинките премачкајте ги со изладениот прелив и уживајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.