четврток, 12 ноември 2026
Најново

Рецепт за посна сарма со ореви

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сармата не мора да биде мрсна за да биде вкусна.

Состојки:

– 15 лажички ориз

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– 15 лажички соја снегулки

– 3 полни лажици мелени ореви

– 1 мала главица кромид

– 1 праз

– 2 чешниња лук

– 1 мал морков

– 1 лажичка мелена пиперка

– 1 кафена лажичка куркума

  • по желба: сол, бибер, коријандер, ловоров лист

– 3-4 лажици масло

– 2 лажици тамари или соја сос

– 15 листови кисела зелка

Подготовка:

Покријте ги снегулките од соја со вода и оставете да отстојат.

Измијте го оризот и истурете малку вода. Празот и кромидот ситно се сечкаат и се пржат на малку загреано масло.

Кога кромидот е речиси готов, додадете рендан морков, па пипер и куркума. Пржете многу кратко, внимавајќи да не изгори пиперот.

Додадете лук, ориз, исцедени соја снегулки, зачини и оставете на пониска температура да се динста додека не се впие водата од оризот.

На лист зелка ставете две лажички од филот и завиткајте ја сармата. Гответе околу час и половина, поточно додека зелката не омекне. Ако готвите во шпорет под притисок, доволни се околу 30 минути од моментот на вриење.

Доколку не користите соја снегулки, можете да ги замените со мелени ореви. Наместо една лажичка соја снегулки, ставете една лажица мелени ореви.

Поврзани вести