четврток, 12 ноември 2026
Најново

Рецепт за посно тирамису

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сигурни сме дека ви е добро познат вкусот на колачот тирамису, но дали знаевте дека може да направи и во посна/веганска варијанта? Без кравјо млеко и јајца можете да направите подеднакво вкусен десерт кој ќе ги воодушеви сите. Една од најдобрите работи за овој рецепт е тоа што доминираат вкусовите на какао и кафе.

Потребни состојки:
Замена за бисквити:
2 лажици овесни снегулки
2 лажици овесно брашно
1 лажица какао прав
1 лажичка прашок за пециво
100 мл црно или инстант кафе
1 лажица јаворов сируп
За филот:
200 гр јогурт од соја
1 лажица јаворов сируп
какао во прав
Начин на подготовка:

  1. Сите состојки кои се замена за бисквитите ставете ги во сад за печење. Добро промешајте па печете околу 15 минути на 180 степени.
  2. Во меѓувреме изматете го јогуртот со јаворовиот сируп и медот.
  3. Рамномерно распоредете го филот врз останатите состојки. Низ цедалка сипете го рамномерно какаото. На здравје!

Поврзани вести