Рецепт за стапчиња целер полнети со козјо сирење

Целерот што има широки стебла и малку лисја, станува сè повеќе популарна сорта и токму таква се користи во овој рецепт.
Рецепт за стапчиња целер полнети со козјо сирење
Потребни состојки (за 14-16 парчиња):
6 стебленца целер
200 грама козјо сирење
20 грама свеж или сушен власец
малку црвен пипер во прав
Начин на подготовка:
Измијте ги и исушете ги стебленцата целер, а потоа исечете ги на три дела. Измешајте го козјото сирење со мешалка и потоа пополнете го секое стебленце со овој крем. Одозгора посипете со ситно исечкан власец и малку црвен пипер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.