Рецепт за тестенини со лимон и пармезан кој ќе ги освои сите ваши сетила

Непредвидливо добар спој на маслиново масло, лук и лимон му дава неодолив и егзотичен вкус на ова јадење.
Тестенините речиси секогаш се добредојдени на трпезата, поради тоа што се подготвуваат брзо и лесно и главно се омилено јадење на целото семејство.
Овојпат ќе ви претставиме рецепт за поразлично подготвување на тестенините.
Состојки:
– 1 чешне лук
– 1/2 китка свеж магдонос
– 1 поголем лимон
– 300 грама тестенини
– 1 лажица чили
– 1 кора од лимон
– малку мелен црн бибер
– прстофат сол
– 100 грама рендан пармезан
Подготовка:
Во тенџере ставете еден литар вода, малку сол и една лажица масло, а кога водата ќе зоврие ставете ги тестенините, па варете 1-2 минути.


Во посебно тенџере во кое ќе го правите сосот, додадете 2-3 лажици маслиново масло, ситно исечкан лук, 1 лажица чили, изрендана кора од лимон и малку мелен црн бибер. Мешајте 3-5 минути.
Потоа во смесата додадете ги тестенините, па сето тоа добро измешајте го. Додадете сок од еден лимон и една лажица маслиново масло, исечкан магдонос и 100 грама рендан пармезан.
Мешајте додека сето тоа не се соедини.
Потоа додадете 1 дл. вода во која сте ги вареле тестенините, па на тивок оган варете уште 10-на минути. По потреба додавајте по малку вода. Пред крај посолете.
Кога сосот ќе ја достигне посакувана густина, тргнете го тенџерето од огнот, па сервирајте ги тестенините. Украсете со нарендан пармезан, сечкан магдонос или пак парчиња свеж лимон.
Наздравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.