четврток, 12 ноември 2026
Најново

Рецепт за традиционално самали, грчки колач со гриз кој се топи во уста

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ви недостасува морето, сончевите денови и прекрасната Грција? Засладете се со еден традиционален грчки рецепт кој воедно се прави брзо, а исто така е и евтин.
Самали е традиционален грчки колач од гриз кој се прелива со сируп. Во овој рецепт сирупот се прави со бренди или ракија, а тоа му дава посебен вкус.
Доколку не сакате да го правите со алкохол, тогаш може тоа да го замените со некоја друга состојка.

Состојки:

  • 320 грама гриз;
  • 100 грама шеќер;
  • 120 милилитри вода;
  • 60 милилитри сок од портокал;
  • 2 лажици прашок за печиво;
  • 30 грама печени и сечкани бадеми.
    За сируп:
  • 360 милилитри вода;
  • 300 грама шеќер;
  • 1/2 чашка бренди.
    Подготовка:
    Помешајте го гризот, шеќерот, водата, сокот, па на крај додадете прашок за печиво. Добро соединете ги состојките и оставете ги половина час да отстојат.
    Во калап со пречник 20 сантиметри, ставете малку масло за јадење, па додадете го тестото. Убаво втиснете го и посипете со сечкани бадеми.
    Печете на загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 50 минути.
    Сируп: Помешајте го шеќерот и водата и варете додека водата не зоврие, па оставете уште 10 минути. Три минути пред крајот додадете го брендито и помешајте.
    Ставете го сирупот врз изладениот колач.
    Пријатно јадење!

Поврзани вести