Рецепт за фалафел со цвекло

Потеклото на фалафелот не е многу познато. Некои велат дека потекнува од Израел, други од Палестина, а некои тврдат дека потекнува од Екипет и Либан. Како и да е, фалафелот е многу вкусен и полн со протеини, а денес решивме да споделиме еден поразличен рецепт за фалафел со цвекло.
Рецепт за фалафел со цвекло
Потребни состојки:
430 г сварен наут или готов од конзерва
120 г рендано цвекло
2 чешниња лук
30 г сечкан магданос
1 лажичка ким
сол по вкус
10 г тахан
10 милилитри сок од лимон
10 г брашно од овес или по избор
30 милилитри маслиново масло (за готвење)


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 375 степени. Наутот ставете го на хартија за печење и печење ги за 10 до 12 минути.
Изрендајте го цвеклото. Потоа во блендер ставете ги лукот, магданосот, наутот, цвеклото, кимот, солта, таханот, сокот од лимон и блендирајте за 12 до 30 секунди. Ако смесата е многу влажна додадете брашно. Ако е премногу сува, тогаш додадете повеќе тахан или сок од лимон.
Користете ги рацете за да го формирате фалафелот. Ќе добиете околу 8 до 10 фалафели.
Ако го печете фалафелот, тогаш наредете ги топчињата на хартија за печење. Премачкајте ги со маслиново масло и печете за 20 до 30 минути.
Ако решите да ги пржите, тогаш во средна тава ставете 2 лажички маслиново масло и пржете за 3 до 4 минути од двете страни.
Ако решите да ги пржите, тогаш во средна тава ставете 2 лажички маслиново масло и пржете за 3 до 4 минути од двете страни.
Сервирајте со хумус или сос по ваш избор. Во фрижидер може да останат од 4 до 5 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.