Рижото со морски плодови

За љубителите на морската храна ова е одличен рецепт за подготовка на ориз со школки …
Потребно е:
400 г ориз
1 кг црни неотворени морски школки
1 главица кромид, ситно сецкан
1 лажица доматно пире
200 мл бело вино
60 г путер
2 лажици маслиново масло
1 лажица сецкан магдонос
сол, бибер


Подготовка:
– Ставете го виното да се вари. Кога ќе проврие, смалете ја температурата и оставете да врие 5 минути да му се намали количината на половина.
– Школките измијте ги убаво и додадете ги во виното што се вари. Варете ги 4-5 минути за да се отворат. Мешајте ги од време на време.
– Со лажица решетка извадете ги школките од виното, а виното прецедете го. Потоа во виното додадете вода за да добиете 1 литар течност.
– Неотворените школки фрлете ги.
– Загрејте во тава на рингла 30 гр путер со масло. Додадете го кромидот и пропржете го малку. Потоа додадете го оризот и малку зголемете ја температурата. Пржете го оризот со постојано мешање да стане стаклест – околу 2 минути.
– Ставете сол, бибер и доматно пире. Убаво измешајте.
– Во оризот додадете ја течноста со виното во која ги варевте школките. Но немојте да ја ставите одеднаш целата течност, туку прво сипете половина, па откако оризот ќе ја впие течноста досипете го остатокот. Целото варење на оризот треба да трае околу 35 минути.
– Додека се подготвува оризот, извадете поголем дел од школките од обвивката и ставете ги во оризот. Измешајте убаво.
– На крај додадете го преостанатиот путер, исецкан на листови и исецканиот власец.
– На крај јадењето украсете го со преостанатите школки во обвивка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.