Ролнички со шунка и крем сирење

500 г брашно
250 мл топло млеко
1 лажица шеќер
1 лажица сол
1 сув квасец
2 јајца
100 г растопен маргарин
250 г кругови шунка
200 г крем сирење
250 г маргарин
100 г сусам
Во топлото млеко ставете ги шеќерот, квасецот и 1 лажица брашно. Промешајте и оставете квасецот да стаса.
Во сад ставете го брашното и на средината направете длабнатина. Во неа ставете ги изладениот маргарин, 1 јајце, солта и стасаниот квасец, па со преостанатото млеко замесете помеко тесто. Оставете да стасува 30-тина минути.
Размесете го стасаното тесто и поделете го на 4 еднакви делови. Од првото парче тесто на набрашнета работна маса со сукалка развлечете правоаголна кора, и премачкајте ја со маргарин. Нанесете крем сирење и кругови шунка, па завиткајте ролат. Исечете го на парчиња по желба и наредете ги во тава за печење прекриена со хартија. На истиот начин подгответе ги сите ролнички и наредете ги во тавата. Оставете да стасуваат 30-минути. Потоа премачкајте ги со преостанатото изматено јајце и наросете ги со сусам. Печете 30 минути на 200 степени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.