Ролувано свинско

2 кг свинска кртина од бут
500 г мелено месо
100 г свежи шампињони
1 главица кромид
2 кришки бајат леб
100 мл млеко
1 јајце
200 мл бело вино
масло, сол и мелен црн пипер
Испржете го исечканиот кромид и додадете ги шампињоните исечени на парчиња. Откако течноста ќе испари додадете го меленото месо и зачинете. Тавата со испрженото месо тргнете ја од оган. Додадете ги со млекото омекнатиот и исцеден леб и жолчката и промешајте го филот.
Месото засечете го на повеќе места за да добиете правоаголна форма и зачинете го. Нанесете го филот, свиткајте ролат и зацврстете го со конец.
Ставете го ролатот во тава, прелијте со виното и попрскајте со масло. Печете 2 1/2 часа на 200 степени. Извадете од тавата, отстранете го конецот и исечете на парчиња.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.