Рум колач

ЗА ПАНДИШПАНИ
5 јајца
200 г шеќер
200 г брашно
150 мл масло
1лажица рум
1 лажица какао
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
500 мл млеко
80 г брашно
200 г шеќер во прав
150 г маргарин


Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното, маслото, румот и прашокот за печиво, и промешајте. Половина од смесата ставете во тркалезна тава. Во преостанатата смеса додадете го какаото, промешајте и ставете во друга тава. Испечете ги двата пандишпана.
Од млекото и брашното сварете крем. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Додадете го изладениот крем и повторно изматете.
Со половина од филот премачкајте го кафениот пандишпан. Ставете го жолтиот пандишпан и филувајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.