Салата од грав

500 г грав
2 главици кромид
100 г марула
40 црни маслинки
6 лажици сечкан магдонос
сок од 2 лимони
сол и мелен црн пипер
Измијте ја марулата и листовите наредете ги на чинија за сервирање.
Гравот сварете го во солена вода, исцедете го и оставете го на страна да се излади.
Кромидот исечкајте го на ситни парчиња.
Во сад измешајте ги гравот, кромидот, маслинките и исечканиот магдонос. На крај зачинете со сол, црн пипер и сокот од лимон. Сервирајте ја салатата на листовите марула или по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.