Салата со наут

400 г наут (непечена леблебија)
400 г компири
250 г свежи шампињони
100 г морков
1 чешне лук
сок од 1/2 лимон
1 лажица исечен магдонос
1-2 млади кромитчиња
1/2 лажичка оригано или мајчина душичка
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
Компирите и морковот исечкајте ги на помали коцки, и сварете ги во посолена вода.
Наутот сварете го и исцедете го. Ставете на масло да се пржи заедно со сечканото лукче и зачини. Исечканите шампињони додадете ги во тавата, зачинете и пржете додека течноста не испари.
Во сад измешајте ги компирите и морковот, наутот, печурките и исечкан кромид. Посолете и наросете црн пипер. Додадете оригано или мајчина душичка, масло и лимонов сок и промешајте ја салатата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.