Свински шницли со кашкавал и шампињони

Потребни состојки:
1 кг свински шницли
400 г шампињони
400 г кашкавал
Сенф
600 мл кисела павлака
Сол и бибер
Зачини по желба
Магдонос
Начин на подготовка:
Отстранете ја маснотијата од шницлите, премачкајте ги со сенф и оставете ги да остојат околу 60 минути.
Исчистете и исечкајте ги шампињоните. По 1 час, распоредете ги шницлите во намрсена тава, посолете, додајте бибер, зачини и магдонос.
Нарендајте кашкавал на шницлите. Преку кашкавалот наредете ги исечените шампињони и посолете. Изматете павлака и прелијте ја преку шампињоните. Покријте ја тавата со фолија и печете на 220 степени околу 45 минути, па уште 15 минути без фолија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.