Што да се подготви за појадок или вечера е вечно прашање. Еве одлична закуска…
Состојки:
Тенки парчиња леб
200 гр шунка
Листови кашкавал
100 гр димен колбас
100 гр намаз од сирење
200 мл млеко
2 јајца
100 гр павлака
Кечап
Подготовка:
На секое парче леб намачкајте од намазот од сирење, додадете лист шунка или било која салама, додадете кашкавал и кечап и наредете ги еден врз друг додека не се потрошат сите состојки. Потоа префрлете во тесен плех обложен со хартија за печење. Изматете ги јајцата, додајте ја павлаката и млекото и прелијте ги сендвичите. Може да изрендате кашкавал или некое потврдо сирење. Печете на 210 степени околу 35 минути.
СЕНДВИЧИ ЗАПЕЧЕНИ ВО РЕРНА, вкусни КАКО ПИТА! Нема да одолеете на ова крцкаво задоволство!






