СЛАДОЛЕД ОД КАФЕ!

Никој не може да му одолее на вкусниот сладолед од кафе
Лесно и брзо се прави единственото нешто што треба да бидете трпеливи и да чекате да се стегне.
СОСТОЈКИ:
4 жолчки
150 гр шеќер
250 мл млеко
200 мл слатка павлака
2 лажици инстант кафе (ако сакате поинтензивен вкус тогаш 3)
Подготовка:
Растопете го инстант кафето во малку вода и оставете го на страна. Потоа добро изматете ги жолчките со шеќерот, кои потоа ќе ги додадете во млекото претходно сте го свариле. Намалете ја температурата на пониско и внимателно мешајте ја смесата додека не се згусне. Кога ќе го тргнете тенџерето од шпорет, додадете го кафето и повторно сè убаво измешајте. Изматете ја слатката павлака за да добиете цврст шлаг, а потоа измешајте ја со претходно направената смеса од млеко и жолчки. Сладоледот сипете го во калап кој може да се замрзне, ставете го во замрзнувач еден час, извадете го, добро измешајте го, па повторно ставете го во замрзнувач додека не ја добиете саканата структура на сладоледот. По желба украсете го со зрна кафе пред послужување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.