Собранието со 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка. Тие се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“.
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност претходно денеска ги проследи измените на Законот за полиција и измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои се дел од пакетот закони потребни за целосно функционирање на ситемот „Безбеден град“ на понатамошна постапка во Собранието.
Oд 1 февруари како што е најавено ќе следи казнувањето за прекршоците во сообраќајот.
Министерството за внатрешни работи(МВР) отвори шалтер специјално за „Безбеден град“ каде луѓето ќе можат да ги ажурираат контакт информациите.



