Совршен вкус и боја: Златни пилешки батаци

Лесно и едноставно
СОСТОЈКИ И ПОДГОТОВКА:
800 гр. пилешки батаци
1 лажица куркума
прстофат бибер
малку лук во прав (1/2 до 1 лажичка)
мелен коријандер (изронет)
1 лажица вода
сол
околу 300 мл. масло за пржење
Измешајте ги сите состојки со месото и оставете да отстои околу половина час.
Загрејте го маслото и испржете ги батаците околу 25 минути, свртувајќи се да се печат рамномерно.
Времето на пржење зависи од големината на батаците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.