Совршен рецепт за мафини со јаболка и цимет

Потребни состојки:
-1 јајце
-100 г шеќер
-60 г масло
-120 мл млеко
-1 прашок за пециво
-прстофат сол
-200 г јаболка
-1/4 лажичка цимет
Начин на подготовка:
Јајцата и шеќерот измешајте ги, додадете масло, млеко, брашно, пециво и сол. Добро измешајте за да добиете смеса без грутки и на крајот додадете ги изренданите јаболка и циметот.
Смесата распоредете ја во калапи за мафини во кои претходно сте ставиле хартиени модли.
Печете на 170 степени околу 30 минути. Откако ќе се изладат, посипете ги со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.