Совршен спој на слатко и солено: Едноставен рецепт за похован сладолед!

Комбинацијата од ладно и топло, меко и крцкаво, слатко и солено – го прави похованиот сладолед совршен десерт.
Еве еден едноставен начин за подготовка на овој вкусен и интересен сладок оброк.
Мала напомена – со оглед на тоа дека сладоледот од ванила веднаш се топи во похованата кора, послужете го овој десерт веднаш по подготовката.
Потребно време:
За подготовка – 15 минути
За готвење – 2 минути
За ладење – 4 часа
Вкупно време – 4 часа и 17 минути
Состојки (8 порции):
– 600 гр. сладолед од ванила
– 225 гр. пченкарни снегулки, здробени
– 1 лажичка цимет
– 3 белки
– 2 л. масло за пржење

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Index Recepti (@indexrecepti)


Подготовка:
Чекор 1
Направите 8 топчиња сладолед со големина како тениско топче. Ставете ги на хартија за печење и ставете ги во замрзнувач еден час.
Чекор 2
Во плиток сад измешајте ги пченкарните снегулки и циметот. Во друг сад матете ги белките додека не станат пенасти. Замрзнатите топки сладолед ставете ги во белките, а потоа во снегулките, покривајќи го сладоледот во целост. Повторно ставете ги во замрзнувач 3 часа, додека целосно не се замрзнат.
Чекор 3
Во фритеза или во голем зад загрејте масло на 190 степени.
Чекор 4
Пржете по една до две топчиња во исто време, 10 до 15 секунди, додека не добијат златеникава боја. Извадете ги на хартија за вишокот масло да се исцеди и послужете ги веднаш.
Нутритивни вредности (по порција)
372 калории, 29.3 гр. масти, 7.3 гр. заситени масни киселини, 25 гр. јаглехидрати, 15,2 гр. шеќер, 0,9 гр. диетални влакна, 4,4 гр. протеин, 149,5 мг соли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.