Солени вафли со тиквички за секоја пригода

Вкусен рецепт, богат со витамини и секако, многу лесен за подготовка!
Солени вафли со тиквички за секоја пригода
Потребни состојки:
200 г брашно
2 лажички прашок за пециво
1 јајце
50 г маргарин
4,5 децилитри млеко
1 тиквичка
Начин на подготовка:
Изрендајте ја тиквичката, посолете и оставете да се исцеди добро.
Додајте го брашното и прашокот за пециво и измешајте.
Потоа, додајте го млекото, стопениот маргарин, јајцето и пак мешајте.
Земете од смесата и ставете во апаратот за вафли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.