Солени крофни со фета сирење: Брзо тесто без квасец кое сите ќе го обожуваат

Кога во вашиот дом ќе се прошири нивниот мирис, ретко кој ќе може да им одолее на вкусните крофни.
Најмногу сакаме да ги јадеме со домашен џем, крем, а за некои пак најубави се оние со шеќер во прав.
Меѓутоа, дали сте ја пробале солената варијанта која е еднакво вкусна како и слатката? Солените крофни со фета сирење во комбинација со ајвар или сувомеснати производи ќе ги освојат вашите сетила.
Состојки:
– 3 јајца;
– 450 грама фета сирење;
– 200 милилитри масло за јадење;
– 180 милилитри јогурт;
– 100 милилитри млеко;
– 100 милилитри вода;
– 1 лажица сол;
– 1 лажица шеќер;
– 1 лажица оцет;
– 1 ќесичка прашок за печиво;
– 1 килограм брашно;
– 500 милилитри масло за пржење.


Подготовка:
Во чинија прво изматете ги течните состојки, јајцата, јогуртот, маслото за јадење, млекото, водата и оцетот, па додадете шеќер, сол, прашок за печиво и сирење, а потоа додадете го брашното и замесете тесто.
Оставете го тестото да отстои околу 10 минути.
На работна површина ставете малку брашно, ставете го тестото и развлечете го, па со чаша вадете кругови.
Во подлабока тава или тенџере ставете го маслото за јадење, па секој од круговите внимателно ставајте го во загреаното масло да се пржи.
Кога едната страна ќе се испржи, свртете ги крофните на друга страна.
Вадете ги во сад на кој сте ставиле хартија, за да се исцеди вишокот маснотија.
Послужете ги додека се топли со сувомеснати производи или пак ајвар.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.