Солени палачинки со тиквички

Многу вкусни и неодоливи …
Потребно е:
1 поголема тиквичка (околу 270 гр)
1 чешне лук
2 јајца
малку магдонос
1 лажиче прашок за пециво
100 гр брашно
100 мл млеко
50 гр гриз
малку мелен сув зачин
сол, бибер


Подготовка:
– Излупете ги тиквичките и изрендајте ги на крупно ренде.
– Ситно исецкајте ги лукот и магдоносот и додадете ги во тиквичките. Додадете ги сите останати состојки и убаво измешајте. Зачинете по вкус.
– Во поголема тава на рингла загрејте малку масло. Со голема лажица вадете од смесата од тиквички и ставајте во тавата. Малку притиснете со лачицата да ги обликувате палачинките.
– Пржете ги од двете страни додека да добијат убава златно-кафена боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.