четврток, 12 ноември 2026
Најново

Солени пченкарни стапчиња: Здрава закуска за посните денови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ако баравте лесен рецепт за посните денови, овие солени пченкарни стапчиња се одличен избор.
Солени пченкарни стапчиња: Здрава закуска за посните денови
Потребни состојки:
180 г бело брашно
180 г пченкарно брашно
1 лажичка сол
1 ќесичка прашок за пециво
370 милилитри пиво
2 лажици масло
семиња по избор
посен мајонез
Начин на подготовка:
Измешајте ги сувите состојки.
Потоа додадете го пивото и маслото и измешајте добро.
Раширете го тестото со сукало и сечете на парчиња.
Оставете го на работната површина околу 15 минути.
Потоа, стапчињата префрлете ги во плех за печење. Добро премачкајте ги со посен мајонез и додајте семиња по избор.
Оставете ги да стојат во плехот околу 5 минути.
Потоа, печете ги на 180 степени додека не поруменат.
Можат да бидат свежи неколку денови.

Поврзани вести