Сочни и вкусни чоколадни мафини

Мафини за сите љубители на чоколадото и ваквите комбинации. Одлични за со кафе, чај и супер идеја за ужинка.
Потребни состојки:
½ шолја јогурт
½ шолја вода
½ шолја масло
½ печиво
3 јајца
3 шолји брашно
80 г какао
80 г растопено чоколадо
150-200 г шеќер
Парчиња чоколадо, лешници
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете ги сите течни состојки и растопеното чоколадо, па сите суви состојки. Убаво измешајте и наполнете ги хартиените корпици во плехче за мафини. Ставете парчиња чоколадо и исечкани лешници и печете ги во рерна на 200 степени околу 15-тина минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.