четврток, 12 ноември 2026
Најново

Стар рецепт за ПРОЈА кој е секогаш добредојден на секоја трпеза

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ако ви снема модерни рецепти, секогаш извадете од ракав стар добар рецепт за проја што ќе ги воодушеви сите.
Состојки:
3 јајца
3 чаши пченкарно брашно (и повеќе по потреба)
3 чаши меко брашно
3 чаши млеко
2,5 чаши масло
250 гр сирење
1 прашок за пециво
Подготовка:
Изматете ги јајцата во еден сад, потоа додадете млеко и масло, потоа сомелете го сирењето со рака и измешајте се добро и соединете.
После тоа, постепено треба да се додава пченкарно брашно, меко брашно и прашок за пециво. Замесете се добро и кога смесата ќе се соедини, истурете ја во плех и ставете ја во загреана рерна.
Пројата треба да се пече додека не добие кафеава боја.

Поврзани вести