четврток, 12 ноември 2026
Најново

Стек во сос – мек, сочен и вкусен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Одличен тајминг за да се инспирирате со каков вкусен оброк да ги израдувате домашните, по завршувањето на напорната работна недела.
Потребни состојки:
– презла
– мајчина душичка
– брашно
– 2 јајца
– 450гр. месо
– сол
– бибер
– масло
– 2 чешниња лук
– 1 лимон
– кисели пиперки
– магдонос

Подготовка:
Измешајте ја презлата и мајчината душичка во чинија. Во друг сад додадете го брашното, во трет изматете ги јајцата, посолето го месото и врз него ставете бибер.
Подгответе се за похување. Ставете ги стековите прво во брашното, потоа во јајцата и на крајот во презлата и мајчината душичка. Пржете на масло, додадете го лукот во тавчето и малку путер. Готовото месо ставете го во чинија.
Исцедете го лимонот, додадете ги киселите пиперки и на крајот исецканиот магдонос. Прелијте го сосот преку месото и сервирајте.

Поврзани вести