Сте пробале ли Кука Пака?!

Кука Пака е афрички специјалитет мошне популарен во Кенија, Танзанија и Уганда, а кој го освои целиот свет.
Егзотичното име не ни открива ништо, но всушност станува збор за рецепт за превкусно печено пилешко месо во кремаст сос од кокосово млеко и мирисни зачини.
Она што треба да знаете е дека Куку Пака се служи со рижото, а пилешкото месо традиционално се пече на скара, но ќе заврши работа и тава или рерна. Откако ќе го подготвите месото го додавате во фин ароматизиран сос од кари и кокосово млеко.
Користете го оној дел од пилешкото месо кое вам ви е омилено.
Доколку сте гурман и сакате да експериментирате со различни вкусови тогаш нема да се покаете доколку го пробате овој рецепт кој всушност е лесен за припремање и не одзема многу време во кујната.
Совет: Ако сепак ви се премногу интензивни вкусовите можете да го замените кокосовото млеко со обично, па така да го неутрализирате.
Состојки:
1 кг пилешко месо
3 чешниња лук
2 лимони
2 лажички сол
¼ лажичка чили во прав
¼ филџан листови од коријандер
1 главица кромид
1 домат
1 чили пиперче
2 лажици маслиново масло
¼ лажичка мелен коријандер
¼ лажичка кумин
¼ лажичка куркума
400 мл незасладено кокосово млеко
2 лажици полномасна павлака
Сол
Рижото (Basmati)
Припрема:
Исецкајте го лукот и додајте го сокот од лимонот, половина лажичка сол и четвртина лажичка чили и втријте го во пилешкото месо. Префрлете го во сад и оставете го половина час да отстои за да се маринира.
Во меѓувреме направете ја базата за кари сос. Грубo исецкајте го кромидот, лутото пиперче (чили), доматот и листовите коријандер. Убаво измиксајте додека не добиете мазна смеса.
Загрејте маслиново масло во голема тава или лонец па додајте ги мелениот коријандер, куминот и куркумата и мешајте околу 1 минута. Додадете го измиксаниот зеленчук и посолете. Мешајте додека да се соединат зачините и зеленчукот и гответе го околу 15 – 20 минути повремено мешајќи додека не добиете густа смеса како паста.
Тавата обложете ја со хартија за печење и распоредете го пилешкото месо. Печете околу 20 минути на 180 степени Целзиусови (или пак испечето го на скара).
Протресете го кокосовото млеко па додадете го во кари сосот и промешајте додeкa не се соединат. Гответе на тивок оган додека не се згусне 5 до 10 минути. Паралелно ставете да се подготвува и рижотото (онака како што вие си го сакате).
Кога ќе се испече пилешкото месо заедно со сафтот од печењето додадете го во кари сосот и крчкајте на тивок оган, непрестано мешајки. Потоа додадете ја павлаката.
Послужете со рижото.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.