Тава со пилешко и модри патлиџани

600 г пилешки стек
3 модри патлиџани исечени на коцки
6 моркови исечени на кругови
4 компири исечени на коцки
2 исечени главици кромид
150 мл бело вино
200 мл вода
2 лажици сусам
1 лажица исечен магдонос
1 лажица сув зачин
1 лажица кари
масло, сол и мелен црн пипер

Кромидот испржете го на загреано масло. Пилешкиот стек исечете го на коцки, додадете го во тавата и  пржете 10 – тина минути.
Додадете ги излупените коцки модри патлиџани, морковите и компирите. Потоа додадете ги сувиот зачин, магдоносот, карито, сусамот, сол и црн пипер и убаво промешуваме.
Откако зеленчукот ќе се запржи додадете ги водата и виното и ставете во тава за печење. Печете 40 минути на  200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.