Топчиња со кашкавал

Состојки
1 чаша јогурт
2 чаши брашно
1 пециво
100 гр кашкавал
Потребно е уште маслинов зејтин,оригано,буковец

Едноставен и брз рецепт. Во сад го ставаме брашното, јогуртот и пецивото. Мешаме со дрвена лажица, а потоа и со рака за да се формира средно меко тесто. Мерев со чаши од 150 милилитри и мерката беше таман и немаше потреба од додавање брашно.
Веднаш тестото се дели на парчиња(јас направив 17 топчиња). На секое се става по парче кашкавал и се обликуваат топчиња така што кашкавалот да е внатре во топчето. Се редат во подмачкан плех (за оваа количина плехот е бр.24).
Се премачкуваат со маслинов зејтин, се поросуваат со оригано и буковец. Се вклучува рерната на 220 степени. Кога ќе е загреана се ставаат на печење. Се печат додека да поруменат околу 20 минути. Ако сакате поголема количина мерете со поголеми чаши.
Едноставно, брзо и вкусно, топло ви ги препорачувам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.