четврток, 12 ноември 2026
Најново

Торта со кафе и лешници

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ЗА ПАНДИШПАН
6 јајца
12 лажици шеќер
12 лажици брашно
70 г маргарин
70 мл варено кафе
1 лажица какао
1 ванилин шеќер
1  прашок за печиво
ЗА ФИЛ
2 кесички шлаг
200 мл млеко
150 г чоколадо
150 г мелени лешници
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги брашното, прашокот за печиво, кафето, какаото и растопениот маргарин.  Измешајте ја смесата со лажица и ставете ја во тава за печење. Испечете пандишпан и исечете го на половина.
Првата лента пандишпан премачкајте ја со изматен шлаг и наросете рендано чоколадо. Ставете ја втората лента пандишпан и премачкајте со шлаг. Наросете ја тортата со рендано чоколадо и лешници.

 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

 

 

Поврзани вести