Торта со кикиритки

ЗА ПАНДИШПАНИ
12 јајца
300 г шеќер
100 г брашно
400 г печени, мелени кикиритки
ЗА ФИЛ
200 г шеќер
300 г печени кикиритки
250 мл млеко
250 г шеќер
250 г маргарин
250 г печени, мелени кикиритки
3 кесички шлаг
300 мл млеко
Белките изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното и кикиритките, и промешајте со лопатка. Од подготвената смеса испечете 3 пандишпани.
Карамелизирајте 200 г шеќер, додадете 300 г кикиритки и трнете од оган. Откако ќе се излади измиксајте го грилијажот во блендер.
Од млекото, жолчките и 250 г шеќер сварете крем и изладете го. Маргаринот изматете го со миксер. Додадете ги изладениот крем и мелените кикиритки, и изматете го филот.
Првиот пандишпан премачкајте го со фил и наросете миксан грилијаж. Истата постапка повторете ја и со преостанатите 2 пандишана. Потоа премачкајте ја тортата со изматениот шлаг.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.