Торта со суво грозје

ЗА ПАНДИШПАН
5 јајца
5 лажици шеќер
3 лажици брашно
2 лажици мармалад од кајсии
100 г толчени ореви
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
750 мл млеко
6 лажици шеќер
3 лажици брашно
1 ванилин шеќер
100 гр суво грозје
2 кесички шлаг
200 мл млеко
Белките изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното, мармаладот и оревите, и промешајте ја смесата. Нанесете ја во тава, обложена со хартија за печење и испечете го пандишпанот.
Сварете крем од млекото, шеќерот, жолчките, брашното и ванилиниот шеќер. Откако ќе се излади додадете го сувото грозје и промешајте со лажица.
Нанесете го филот на пандишпанот, а потоа нанесете го изматениот шлаг.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.