четврток, 12 ноември 2026
Најново

Унгарски готвачи ја открија тајната за рецептот за највкусните полнети пиперки: Вода не додаваат, исклучиво вака ги приготвуваат!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полнетите пиперки, омиленото традиционално јадење кое се подготвува во речиси секој дом, едноставно се готват, но постојат некои трикови и чекори до кои треба да се придружуваме за да бидат совршени.

Првото нешто со што можете да ги „надградиме“ е сосот од домати во кој се варат.
Наместо да додавате вода, користете булјон или вишок бистра супа од месо и зеленчук. Покрај тоа, исечете малку сланина на коцки, пропржете и додајте во сосот.
Доколку сте љубители на лута храна, слободно можете да додадете малку лути пиперки. Сите овие додатоци ќе дадат посебна арома, а пиперките ќе бидат уште повкусни.
Унгарските готвачи советуваат и да зачувате малку сланина за полнење и да ја измешате со мешавината од месо и ориз.
Друг одличен додаток кој ќе даде малку поинаков вкус е маслото или намаз со арома на лук – додадете една кафена лажичка во филот.

Поврзани вести