четврток, 12 ноември 2026
Најново

Филувани палачинки со пилешко и печурки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кој може да оддолее на меки, вкусни полнети палачинки? Овој феноменален рецепт за солени палачинки филувани со пилешко месо и печурки е идеален за секој оброк во денот, а за негова подготовка нема да ви треба многу време.
Најдобро од сѐ е што може да ги подготвите и ден претходно и потоа да ги испечете наредниот ден или само да ги загреете во рерна или микробранова печка.
Потребни состојки
За палачинки:
150 гр брашно
1 јајце
3 грама сол
2 супени лажици масло
200 мл млеко
300 мл минерална газирана вода
2 гр сода бикарбона
За фил:
250 гр бело пилешко месо
200 гр печурки
1 домат
1 страк праз
Бибер по вкус
20 гр путер
2 лажици брашно
400 мл млеко


Подготовка:
Во длабок сад изматете ги јајцата, солта и маслото, а потоа постепено додавајте ги брашното, па млекото и водата, о постојано мешање и внимавајте да не се направат грутки. На крајот во смесата додадете сода бикарбона. Печете ги палачинките на добро загреана тава, 2-3 минути од едната и потоа околу 1 минута од другата страна.
Пилешкото месо исечете го на коцки и динстајте го на малку масло, а потоа додадете ги исечените печурки и празот. Зачинете по вкус.
Во посебен сад растопете го путерот, додадете го брашното, лесно промешајте и додадете млеко додека не ја постигнете саканата густина. Сосот динстајте го 7-8 минути. Половина од сосот додадете го во пилешкото и печурките и со смесата филувајте ги палачинките. Филуваните палачинки наредете ги во подмачкан плех. Откако ќе го наредите целиот плех, полејте ги палачинките со останатиот сос и озгора наредете парчиња домат. Печете во рерна загреана на 220 степени Целзиусови околу 15 минути.

Поврзани вести