Црно-бели парени колачи

600 г брашно
300 г гриз
300 мл масло
100 мл млака вода
1/2 свеж квасец
малку сол
1 ванилин шеќер
2 лажици какао
ЗА ШЕРБЕТ
600 г шеќер
500 мл вода
Во длабок сад се става млаката вода, маслото, малку сол, ванилата и квасецот. Потоа се додаваат гризот и брашното, и се замесува тесто кое потоа се дели на два дела. Во едниот дел од тестото се додаваат 2-те лажици какао, кое потоа се премесува за да се соедини какаото со тестото.
На работна маса се развлекувааат двете теста, и потоа се ставаат едно врз друго. Правоаголните кори од двете теста се виткаат во ролат. Потоа ролатот се сече на парчиња во дебелина од 1 сантиметар, и парчињата се редат во тава прекриена со хартија. Наредените колачи ги оставаме да отстојат 20 минути и се печат 30 минути на 200 степени.
Од водата и шеќерот се вари шербет. Изладените колачи ги потопуваме во топол шербет, и ги оставаме неколку минути за да впијат од шербетот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.