четврток, 12 ноември 2026
Најново

Чизкејк мафини од Орео и Нутела: Готови за само неколку минути

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Слаткарката Елоис Хед на својата Инстаграм страна „FitWaffleKitchen“ има многу брзи рецепти за оние денови кога ви се јадат вкусни слатки, а најновиот десерт изгледа одлично.
За подготовка ви се потребни само 20 минути бидејќи мафините се мали, па брзо се стегнуваат во фрижидер. Смесата е доволна за 12 мафини.
Потребни состојки:
– 200 гр. Орео колачи
– 60 гр. путер
– 200 мл. слатка павлака
– 400 гр. крем сирење
– 100 гр. шеќер во прав
– 120 гр. Нутела
Начин на подготовка:
Изблендирајте ги Орео колачите, а потоа во нив додајте го истопениот путер.
Во посебен сад изматете ја слатката павлака во шлаг, а во друг сад измешајте го крем сирењето, шеќерот во прав и Нутелата. Потоа, додајте го шлагот во смесата и промешајте.
Изблендираните Орео колачи втиснете ги во калапите за мафини, а потоа во секој од нив додајте од смесата. Измазнете ги врвовите со задната страна на лажицата и ставете ги во фрижидер околу 20-тина минути.
За крај, украсете ги мини чизкејковите со растопена Нутела и Орео.

Поврзани вести