четврток, 12 ноември 2026
Најново

Чоколаден десерт со путер од кикирики

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Потребни состојки:
-500 г чоколадо (за готвење, млечна или темна по избор)
-1 шолја путер од кикирики
-половина шолја шеќер во прав
-8 лажички путер
-1 ванилини шеќер
Начин на подготовка:
Растопете го чоколадото на пареа, па тргнете го од шпоретот. Наполнете го дното на хартиените модли за колачи и оставете ги во фрижидер околу 15 минути.
Во друг сад на пареа загрејте го путерот од кикирики, ванилин шеќерот, шеќерот во прав и путерот, па мешајте додека не добиете изедначена смеса.
Извадете ги модлите од фрижидер и наполнете ги до половина со топлата смеса од кикирики. Лесно протресете така што на врвот да остане мазна површина. Почекајте смесата да се олади, па вратете ги модлите во фрижидер уште 10 минути.
Потоа извадете ги и преку смесата од кикирики ставете уште малку од чоколадото, колку да ја прекријат површината.
Потоа повторно вратете ги во фрижидер.

Поврзани вести