четврток, 12 ноември 2026
Најново

Чоколаден колач кој се прави за час!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доколку сакате да ги изненадите гостите, семејството или, само самите себе, пред вас е вкусна чоколадна торта за чија подготовка не треба ни да вадите миксер! Само измешајте ги состојките, добро измешајте со жица и оставете во рерна да се пече.
Состојки:
250 грама чоколадо
3 јајца
200 грама путер
80 грама брашно
80 грама какао
150 грама шеќер
лажица прашок за пециво
лажица екстракт од ванила
прстофат сол
Подготовка:
Прво растопете ја чоколадата, а потоа додадете путер и промешајте. Додадете ги јајцата и ванилата и добро изматете со жица за матење. Додадете и шеќер.
Во посебен сад измешајте ги другите суви состојки: брашно, прашок за пециво, сол и какао. Додадете во првата смеса.
Истурете ја смесата во калап и печете до половина час на 180 степени. Посипете со шеќер во прав, слатка павлака или прелијте со растопено чоколадо по желба.

Поврзани вести