Што да направите со јајцата кои ќе ви напукнат при варење?

По повод големиот христијански празник Велигден, секоја домаќинка на Велики Четврток ги бојадисува јајцата. Дел од домаќинките јајцата ги бојадисуваат и на Велика Сабота. Она што навистина знае да извади од кожа е кога јајцата ќе напунат при варење. Но, не грижете се има решение.
Подгответе полнети јајца.
Потребни состојки за основниот рецепт за полнети јајца (за 8 јајца)
1/3 филџан мајонез
1 супена лажица сенф
1 супена лажица бел оцет
Сол и бибер
Сварените јајца исчистете ги и пресечете ги на пола, тргнете ги жолчките и ставете ги во сад.
Жолчките истолчете ги со вилушка и помешајте ги со мајонез, сенф и оцет и зачинете ги со сол и бибер. За да добиете сосема хомогена смеса, кратко изматете ја со миксер.
За да не ви бидат сите јајца со ист вкус, поиграјте се со состојките кои ги имате дома.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.